СДСМ и врвот на партијата на нож ја дочека изјавата на поранешниот висок функционер на ВМРО ДПМНЕ, Никола Тодоров, дека настаните на 27 април 2017 година, во македонскиот парламент, ги блокираа веќе договорените преговори за формирање широка или голема влада меѓу ВМРО ДПМНЕ и СДСМ.

Тоа полека ги разобличува плановите на Зоран Заев. Тодоров и Митко Јанчев секогаш беа обвининувани од белата палата, и нивното дувло за дикредитација на сите кои мислат различно од лидерот, дека се алатки на Заев и СДСМ за превземање на ВМРО ДПМНЕ. Очигледно ресалноста е поинаква-во судирот, реален или фингиран, меѓу Мицкоски и таканаречената мериот коалиција Заев застана на страна на Мицкоски, а на страна на Мицкоски застана и оградувајќи се од изјавата на Тодоров.

И да не заборавиме, полемиката Заев-Апасиев беше исто така гума за спасување за Мицкоски. Десетина дена Апасиев имаше проблем како да мобилизира подршка на социјалните мрежи и беше обвинуван дека е проект финансиран и поддржуван од СДСМ.

Ова е дел од анализата во емисијата Во Центар која се емитува на Youtube. Целата емисија можете да ја погледате на следниот линк: