Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов во вилата Бојана се сретна со премиерот на Република Македонија Зоран Заев во Софија, каде наскоро треба да започне самитот на врвот на иницијативата за Берлинскиот процес, на кој двете земји се домаќини оваа година.

Денес, на форумот на највисоко ниво, преку видео конференциска врска, ќе учествуваат лидерите на Западен Балкан, германската канцеларка Ангела Меркел, францускиот претседател Емануел Макрон, премиерите на Италија Џузепе Конте, на Грција Киријакос Мицотакис, на Хрватска, Андреј Пленковиќ, на Словенија Јанез Јанша.

На самитот ќе учествуваат и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Џозеп Борел, еврокомесарот за соседство и проширување Оливер Вархеи и генералниот секретар на Советот за регионална соработка (РСЦ) Мајлинда Брегу, како и претставници на ЦЕФТА, ОЕЦД, Европската инвестициска банка, Банката за реконструкција и развој, Светската банка и Регионалниот центар за младинска соработка (RYCO).

Денешниот самит во Софија се надоврзува на достигнувањата на претходните шест состаноци во овој формат (во Берлин, Виена, Париз, Трст, Лондон и Познан) и ја реафирмира улогата на Берлинскиот процес како значаен фактор за оптимизирање на регионалната соработка во светло на европската перспектива на земјите од регионот.