“Покажавме колку веруваме во европските вредности и сега, кога Европа требаше да ги покаже своите европски вредности, тие не беа таму” – изјави Заев за Франс Прес.

„Тоа е прашање на самоопределување“, што е во срцето на европската идеја. „Тука е апсурдноста на целиот проблем“, нагласува Заев.

Отворените историски прашања, Заев верува дека треба да се остават во надлежност на историчарите нотирајќи дека е постигнат напредок за одредени теми. Потсетувајќи дека земјава веќе се соочила со блокада на евроинтеграциите од грчка страна како последица на што е постигнат како што вели тешкиот договор со Атина во 2018 година,

Заев додаде: ,,Покажавме колку веруваме во европските вредности. И сега, кога Европа требаше да ги покаже своите европски вредности – тие не го направија тоа.

Според Џамбаски, Македонија мора да престане да ја фалсификува бугарската историја и да престане да користи говор на омраза.

„Сè уште има стотици илјади Бугари кои живеат во Северна Македонија и имаат бугарски идентитет. Тие мора да ја признаат бугарската основа на нивниот јазик. Тој е скептичен дека за еден месец работите ќе се променат во позитивна насока.