Во интервју премиерот на нашата држава изјави дека знае дека како што вели тој работата е дојдена нож до коска , но дека мора да се игра паметно и стрпеливо .

– Имаме уште малку време и простор, меѓутоа извесно е дека Бугарија месецов пак ќе стави вето. Мислам дека треба да почекаме да им поминат изборите во март, па напролет да се решава прашањето – истакна Заев, кој најави свикување лидерска средба откако ќе разврши ова поглавје од преговорите со Бугарија.

Како што гледаме и оваа година ќе биде неуспешна што се однесува до европското прашање на Македонија . Уште еден политички пораз во низа .