Премиерот Зоран Заев денеска ќе биде во работна посета на Сојузна Република Германија, по повод доделување награда за човекови права за 2020 година од страна на Фондацијата „Фридрих Еберт“ (ФЕС).

Церемонијата на доделување на наградата ќе ја отвори Хајко Маас, федерален министер за надворешни работи. Ќе започне во 15:45 часот, а може да се проследи преку линкот  https://www.fes.de/en/human-rights-award/macedonian-stream. ,информираа од владината прес-служба.