Премиерот на Македонија Зоран Заев ќе ја посети Грција на почетокот на мај за да го потпише проектот за поврзување на мрежите за пренос на гас меѓу двете балкански земји, рече министерот за економија Крешник Бектеши.

Таа вест беше потврдена и од изјави на грчки званичници дадени за грчкиот дневен лист Катимерини.

Грчкиот дел од проектот се состои од 50 километри гасовод, што ја поврзува станицата во Неа Месимврија, која е дел од грчкиот систем за пренос на гас, од градот Солун до границата на Грција со Македонија кај Евзони (Гевгелија).

Според меморандумот за разбирање потпишан меѓу двете земји во 2016 година, грчката делница ќе ја развива операторот на гасната мрежа ДЕСФА.