Премиерот Зоран Заев не смета дека треба целата влада да поднесе оставка и додаде дека вакви трагични настани како што се случи во Тетово се случуваат секаде во светот. Тој ќе ја почека истрагата и потоа ќе одлучи како да постапи по однос на поднесената оставка на министерот за здравство Венко Филипче и неговиот заменик кој исто така поднесе оставка, Илир Хасани.

Според Заев се додека не се расчисти целата работа околу оставката, Филипче е должен да оди и да се појавува на работа бидејќи е се уште министер за здравство.

Со овие изјави Заев потврди дека не размислува да постапи исто како во декември 2019 година, кога по француското вето за почеток на преговорите со ЕУ си поднесе оставка и државата отиде на предвремени парламентарни избори.

Ќе видиме што на ова ќе искоментира Претседателот Стево Пендаровски бидејќи со последните негови изјави, но и со однесувањето и настапите во последните неколку месеци станува повеќе од јасно дека Пендаровски е во “војна” со министрите и функционери блиски на Заев, но се уште не се осмелува да влезе во фронтална битка со Заев.

Промената на однесувањето на Пендаровски е по неуспехот на иницијативата на т.н. Мериот коалиција за промени во ВМРО ДПМНЕ. Јавна тајна е дека Пандаровски го поддржуваше Никола Тодоров да биде наследник на Христијан Мицкоски, па дури имаше и најмалку една средба со Тодоров на таа тема. Се уште не е јасно дали структури блиски на Пендаровски учествувале во организацијата на патувањето на Тодоров во Будимпешта.

Но, по неуспехот на мериот иницијативата, кога е експресно договорена средбата меѓу лидерите на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ во Клубот на пратениците, на Пендаровски му стана јасно дека тој веќе е вишок во играта. Тогаш почнуваат серијата изјави на Пендаровски контра СДСМ и приближувањето до ВМРО ДПМНЕ. Иако за воља на вистината единствената јавна средба на Пендаровски и Мицкоски во овој период заврши со меѓусебни политички дисквалификации.

Јасно е дека Пендаровски бара место под сонцето и кога сфаќа дека во СДСМ не планирале лежалка за него на плажата, тој ќе се обиде или се обидува да најде место под донцето во опозицијата. Со или без Мицкоски на чело на таа партија.