Во интервјуто за порталот МКД.МК лидерот на СДСМ Зоран Заев изјави дека предлозите на Христијан Мицкоски да има избори во септември значат обид да нема избори во Република Македонија.

Предлозите за избори на крајот на август или почетокот на септември, всушност се предлог воопшто да нема избори. Не постои ниту здравствен, ниту политички авторитет што може да тврди и да гарантира дека тогаш ќе нема ниту еден заболен случај. Наша одговорност е да им се спротивставиме на обидите да се предизвика политичка криза, изјави Зоран Заев.

Според Заев, договор за датумот на изборите теоретски може да се постигне до истекот на вонредната состојба на 30 мај. По сила на законот, изборите треба да се одржат 22 дена по завршувањето на вонредната состојба. Доколку не се постигне договор, сите политички партии знаат дека течат законските рокови и по завршувањето на вонредната состојба, во законскиот рок од 22 дена мора да одиме на избори. Се разбира, секое одолжување е на штета на здравјето на граѓаните, на штета на економијата и на штета на демократијата – ние вакви штети нема да дозволиме, преголеми одолжувања не се прифатливи, рече Заев.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *