Во неделата, кога се случи притворањето на Орце Камчев, јас, неколку часови подоцна, го добив документот на Агенцијата за национална безбедност и ги прочитав доказите и нивната аргументација. Јас верувам во тие докази. Нивна должност беше ако имаат докази и сомневања тоа да го соопштат.

На овој начин премиерот Зоран Заев го објасни притворањето на бизнисменот Орце Камчев на Прочка.

Заев ги демантираше тврдењата на бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов дека Камчев бил следен од агенти на АНБ. Тоа не е точно Камчев не беше следен, тие приказни за агенти и Бугарија тоа ништо не е точно, вели тој.

Не можам да кажам, вели Заев, но имало неколку причини што ги алалмирало надлежните во АНБ да напишат и да побараат такви мерки. Тоа е нивна работа. За тоа се платени од државата.

Заев негира дека врз Камчев е вршена тортура. Секој што влегува во притвор оди во десет дена иозолација. Вие треба да обезбедите услови за изолација. Кога поминале тие десет дена тој е однесен во подобра соба, во затворот има подобри и полоши соби. Тоа што сум го слушал: Ц оддел, Б оддел, А оддел, хашко одделение. Во такви околности директорот си постапил како со секој друг граѓанин.

Сега испадна некој портал, изгледа спонзорот им го нема па гледам се закануваат по Заев, во неговите текствови, вели Заев додавајќи: Јас не сакам да грешам душа, јас сум тука да служам на сите па и на такквите кои се критички настроении копн мене, но не може да фингирате и да ја замајувате јавноста со лажни вести.

Потоа излезе јавниот правобранител и кажа дека немало тортура, дека навистина биле полоши условите, но тоа било само во првите десет дена додека поминал периодот на изолација. Тоа е така за секој, потоа се направило преместувањето. Но не можете да правите драма од се и сешто. Затоа треба да ги оставиме институциите да си ја вршат својата работа, бидејќи тие освен права имаат и своја одговорност, вели Заев.


One thought on “Заев: Не се врши никаква тортура врз Камчев. Еден портал на кој спонзорот му е во притвор шири лажни вести (видео)”
  1. […] Во неделата, кога се случи притворањето на Орце Камчев, јас, неколку часови подоцна, го добив документот на Агенцијата за национална безбедност и ги прочитав доказите и нивната аргументација. Јас верувам во тие докази. Нивна должност беше ако имаат докази и сомневања тоа да го соопштат, вака премиерот Зоран Заев го објасни притворањето на бизнисменот Орце Камчев на Прочка, објави vocentar.com.  […]

Comments are closed.