Зоран Заев е оптимист дека може да се реши спорот со Бугарија до јуни и да бидат елиминирани причините за бугарското вето. Заев ова го изјави во интервјуто во емисијата Само Вистина на Канал 5 Телевизија.

Според кажувањето на Заев, тој имал телефонски разговор со бугарскиот премиер, Бојко Борисов, по неговиот реизбор за Претседател на СДСМ, каде се договориле оваа прашање да го разгледаат повторно по изборите во Бугарија.

Во интервјуто на Канал 5, Заев порача дека додека е тој премиер на владата Македонија нема да влеземе во ЕУ ако тоа не биде направено со македонски народ и македонски јазик.

Кој ќе влезе во ЕУ ако не е македонскиот народ. Ако не сме македонски народ тогаш ќе бидеме како прашина, вели Заев и додава: Таа прашина може некој да ја однесе на Марс но таа и понатаму ќе остане прашина.

Според Заев се очекува брзо по изборите во Бугарија да биде организирана првата меѓувладина конференциј,а а потоа да почнат да се отвараат 35-те поглавја на простапните преговори со ЕУ.

Не треба да бидеме заробеници на историјата, вели тој, и некои генерации по 20 години да кажуваат дека Заев и Борисов напишале лоша историја додека биле премиери на Македонија и Бугарија. Според Заев со пријателска политика меѓу Скопје и Софија треба да се покаже дека двата народи и двете држави во еден период имале заедничка историја. Така е напишано во Договорот за меѓусоседско пријателство. Два народи и две држави, а не еден народ во две држави заклучи Заев.