Како Гоце Делчев стана црвената линија за влез во ЕУ или за отпочнување на преговорите со ЕУ, а не беше за влезот во НАТО? Затоа што Преспанскиот Договор беше влезница за влезот во НАТО. Бидејќи спонзори на Преспанскиот договор се САД, ниту на Софија виа Белград или виа Москва ниту на мафијата кои сакаат да се спасат со помош на Софија и на Белград не им паѓаше на памет да го проблематизираат Преспанскиот Догиовор бидејќи ќе следеше брутален одговор од Америка.

Затоа се прави таа замена на тезите-и затоа црвената линија е Гоце Делчев, а не е Преспанскиот договор. Затоа се отвара прашањето за Гоце Делчев и се протестира за Гоце Делчев а не се протестираше за Преспанскиот Договор. Најавата дека Зоки Милевски Кичевскиот може да заврши во затвор на 12 октомври само ќе ги радикализира овие конфликти.

Три работи се битни. Прво посетата на Зоран Заев на Атина. Во услови на неколку месечен конфликт меѓу Атина и Анкара во Источниот Медитеран, Заев одлучи да ја посети Атина. Тоа значи дека оваа влада ја напушти стратегијата дека Турција е стратешкиот партнер на Македонија. И дека со помош на Атина, влијанието на Мицотакис врз грчкиот црковен клер, а посебно влијанието на американскиот амбасадор во Атина, Џефри Пајет врз Вселенската патријаршија се работи на признавање на Македонската Православна Црква. Инаку, Џефри Пајет беше архитект на признавањето на Украинската Православна Црква од страна на Вселенската Патријаршија со седиште во Цариград, денешен Истанбул.

Затоа, кога Света Софија беше претворена од музеј во џамија официјална Москва немаше никаква реакција, односно, тоа беше осветата на Москва за признавањето на Украинската Црква. Со решавањето на црковното прашање Белград ја губи последната карта за уценување на Македонија. Пред две години имаше обид да се обезбеди признавање преку Софија но и во Бугарската Православна Црква е огромно руското влијание. Затоа сега се толку силни ударите од Белград и Софија, преку Ивица Дачиќ и преку Красимир Каракачанов. Тајкуните во Македонија преку Софија и Белград ќе направат се да се спасат од судски гонења.

Ова е последна шанса на Белград и Софија, со помош на Москва, да ја дестабилизираат Македонија. И тие ќе направат се да дојде до промена на власта, односно да биде избрана влада која ќе биде под нивна целосна контрола. Таа стратегија ќе ја реализираат преку делови на ДУИ, преку ВМРО ДПМНЕ, преку Левица, а медиумски преку лажни вести теренот ќе го подготвува таа Завиша филм екипа блиска на Ѓорѓе Иванов.

Александар Вучиќ спасувајќи ја својата кожа и потпишувајќи го во Белата куќа договорот со Приштина ја пушти таа екипа во Македонија низ вода. Затоа сега конците ги влече Ивица Дачиќ човекот на Москва. На големо изненадување како министер за надворешни работи Дачиќ не беше на преговорите во Белата куќа на инсистирање на Американците.

Втората линија е Софија. На Бојко Борисов му протестира народ поради врски со мафијата која е во одлични односи со Москва. Таа екипа на Бојко Борисов и Каракачанов во неколку наврати инсистираше и официјално го предлагаше Орце Камчев да биде почесен бугарски конзул во Македонија. Минатата влада тоа не го прифати. Затоа, Борисов, Каракачанов и Камчев со помош на Христијан Мицкоски работат на создавање политички тензии во Македонија. Дали ќе имаат успех како во растурањето на СЈО ќе видиме.

Москва со помош на Турција ги прави тензиите во Источен Медитеран, односно во јужното крило на НАТО, а преку своите играчи во Софија ( Каракачанов и Бојко Борисов ) и во Белград ( Ивица Дачиќ и СПЦ ) и со моќните тајкуни во Македонија ќе се обидат да направат посериозна политичка криза. Тоа им е единствена шанса да се свртат процесите во друг правец.