Зоран Заев и Христијан Мицкоски имаа тет-а-тет средба во Клубот на пратениците на барање на лидерот на опозицијата. Но како што сега стојат работите во право беа оние кои сметаа дека договорите со Мицкоски тешко можат да бидат трајни. Всушност, играњето на картата Мицкоски може да биде најслабата карта во шпилот на Зоран Заев.

Заев го чекаат два болни процеси. Првиот се најавените кадровски промени во СДСМ, односно што ќе биде со двата моќни играчи во врвот на партијата, министрите за одбрана и внатрешни работи, Радмила Шекеринска и Оливер Спасовски. И вториот, што ќе биде со Али Ахмети и ДУИ.

Заев одбра пресметката со Мицкоски да ја остави за на крај. Колку е тоа добро ќе покаже времето. На Мицкоски договорот со Заев му требаше за да остане на тронот на партијата и кога се почуствува сигурен веднаш се откажа од тој договор. И прави се да биде дел на некоја широка влада која ќе го спаси Орце Камчев од притвор.

На Заев договорот со Мицкоски му требаше за да се спаси од можното промашување со пописот, но најмногу за да земе воздух пред да влезе во пресметка со моќни кланови во СДСМ.

Ова е дел од анализата во емисијата Во Центар. Целата анализа можете да ја погедате ан следниот линк: