Во време на решавање на најсериозните прашања, посочи Заев, успеавме да покажеме дека можеме и создадовме праведно општество.

„Сега веќе НАТО и ЕУ се завршена работа. 30 години чекаме членство во НАТО, 15 години за почеток на преговори. Ги завршивме. Решени се проблемите со Бугарија и Грција. Сите пет соседи ни се пријатели“, изјави Заев.

Порача дека е направен голем исчекор во изминатиот период и дека е направено многу, но и дека може многу повеќе и подобро.

Центар, нагласи Заев, и денеска кога живее во слобода е најгласен и најголем коректив на власта. Слободата живее и денеска, иако во услови на пандемија со маски на лице, јас сум убеден на огромен процент на излезеност на нашите граѓани, затоа што имаме задача да ги воспоставиме повторно функционални нашите институции за да можеме да го продолжиме ова слободарско живеење со огромна поддршка од демократскиот свет, изјави Заев.

Имаме задача на 15 јули да останеме на вистински пат, порача Заев и затоа очекувам трендот на вистинските вредности да продолжи.


Напишете коментар