Истражувањето на порталот МКД.мк, што го спроведе агенцијата Маркет вижн, од 13 до 18 јуни покажува дека повеќе од 60 отсто од граѓаните се изјаснија дека немаат доверба во ниту еден политичар, додека останатите граѓани најголема доверба имаат во Зоран Заев (6,2%), Христијан Мицкоски (5,1%) и Венко Филипче (3,4%).

Во однос на рејтингот на партиите, од оние 44 отсто што ќе излезат на гласање, ВМРО-ДПМНЕ (15,2%) е во предност пред СДСМ (14,1%) за 1,1 отсто. Следува ДУИ со 6,4 отсто доверба кај гласачите, па Алијанса за Албанците (3,6%), Левица (2,3%), ЛДП (1,9%).

Но ако се соберат гласовите на коалиционите партнери на СДСМ ( Беса, ЛДП, НСДП итн. ) и на коалиционите партнери на ВМРО ДПМНЕ ( Гром, СПМ итн. ) тогаш коалицијата предводена од СДСМ е во водство пред коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ.

Анкетирањето беше спроведено од 13 јуни до 18 јуни 2020 година со употреба на CATI метод ‐ телефонско анкетирање со помош на компјутер, на примерок од 1.200 испитаници (статистичка грешка: 6% (+‐3%); интервал на доверба: 95%).


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *