Покрај Вучиќ, на состанокот ќе учествуваат и премиерката на Србија, Ана Брнабиќ и министерот за здравство, Златибор Лончар.

Како што соопштија од кабинетот на српскиот претседател Александар Вучиќ, тој утре со премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев и премиерот на Албанија, Еди Рама ќе учествува преку видео врска на конференција на Малиот Шенген.

Покрај Вучиќ, на состанокот ќе учествуваат и премиерката на Србија, Ана Брнабиќ и министерот за здравство, Златибор Лончар.

– По овој повод, ќе биде потпишан Меморандум за разбирање и соработка меѓу Србија, Македонија и Албанија за соработка во борбата против ковид-19 и меѓудржавен договор меѓу Србија и Албанија за слободно движење на граѓаните со лични карти – соопштија од кабинетот на Вучиќ.

Вучиќ по видео состанокот одржан на 30 октомври со премиерите Зоран Заев и Еди Рама кажа дека е важно што се донесени неколку важни одлуки, кои ќе бидат спроведени најдоцна од 10 ноември.

– Тогаш без ПЦР тест ќе може да се оди во Албанија и Македонија, или оттаму во Србија – кажа Вучиќ.