Британскиот министер за здравство Мет Хенкок изјави дека новиот сој на новиот коронавирус е „надвор од контрола“. Така ги оправда мерките за карантин во Лондон и дел од Англија, кои, според него, може да продолжат до масовната вакцинација.

“За жал, новиот вид на вирус е надвор од контрола. Треба да ја вратиме контролата и единствениот начин да го сториме тоа е повторно да ги ограничиме социјалните контакти”, изјави Ханкок за Sky News.

Вчера, владата на Борис Џонсон објави дека повторно воведува карантин во Лондон, на југоисток од Англија и на дел од истокот на земјата. Ова ќе принуди повеќе од 16 милиони Британци да останат дома и да се откажат од божиќните средби.

Мутираната варијанта на новиот коронавирус е идентификувана во септември и веќе се шири низ целиот свет, вели експертот на Светската здравствена организација Марија ван Керхове во интервју за BC.

“Велика Британија ја откри оваа варијанта на вирусот во септември во Југоисточна Англија. Сведоци сме на нови мутации во коронавирусот. Важно е да ги проучуваме, да видиме како се шират и какви се последиците”, додаде таа.

Новата варијанта на патогенот е регистрирана не само во Велика Британија, туку и во Данска, Холандија и Австралија, додаде здравствениот експерт.