Новиот началник на Генералштабот на американското воено воздухопловство, Чарлс Браун, верува дека Америка нема да ја води идната војна далеку од нејзините брегови и дека ќе ја води против држава со слична воена моќ на американската.

Треба да бидеме подготвени да водиме војна со борбени загуби и ризици за нацијата, слични на оние со кои се соочивме за време на Втората светска војна, пренесува порталот „Дефенс њуз“.

Браун проценува дека борбените акции ќе бидат различни од оние предводени од САД во претходните две децении.

Идната војна нема да се води далеку од нашите брегови, рече Браун.

Според него, Вашингтон и Америка можат да се соочат со држава што има воен потенцијал еднаков на американскиот.

Тој исто така потенцираше дека одлуките на претходното раководство не овозможуваат да се постигнат и да се дојде до резултати кои се потребни, со оглед на ривалството со Кина и Русија, кое брзо се менува.

Чарлс Браун дојде на кормилото на американското воено воздухопловство на 6 август.