Најновиот извештај од Организацијата на обединетите нации (ООН) тврди дека пандемијата ќе ја чини туристичката индустрија во светот околу 1.000 милијарди долари, а преку 100 милиони работни места во оваа гранка, но и другите поврзани со неа, се загрозени.
Според извештајотнаречен „КОВИД – 19 и трансформацијата на туризмот“,  бројот на туристички посети (tourist arrivals) се очекува да падне за 58% до 78% во 2020, во споредба со 2019 година, што во апсолутни бројки е пад за 850 милиони до 1,1 милијарди туристи* пристигнати  во текот на една година.
Очекуваната загуба на приходите во меѓународниот туризам се очекува да биде помеѓу 910 и 1.200 милијарди долари; За преку 320 милијарди долари веќе се намалиле приходите од туризам во светот  во првите пет месеци од 2020 година, што е трикратно повеќе одошто загубата претрпена во овој бизнис  за време на целата економска криза од 2009 година.
Светската туристичка организација истакнува дека речиси 10% од работната сила во светот е ангажирана во туристичкиот сектор, а влијанието на пандемијата става во ризик помеѓу 100 и 120 милиони работни места.
Загубите во туристичкиот сектор можно е да го намалат светскиот бруто домашен производ (БДП) за 1,5% до 2,8%, во зависност од тоа колку долго ќе трае кризата, а најпогодени ќе бидат најнеразвиените земји во светот, особено во Африка, како и малите островски држави каде што туризмот сочинува најголем дел од нивната економија. Од работната сила, најмногу ќе бидат погодени жените и младите луѓе, популација што е најчесто вработена во туристичката индустрија.
Македонија со пад на бројот на туристи за 72% во првите шест месеци

Напишете коментар