Пред неколку дена бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Загариева, изјави дека не можеме да бидеме сојузници во НАТО а да ги нарекуваме бугарските војници фашистички окупатори.

Има над 15.000 антибугарски публикации. Не можеме да ги воспитуваме поколенијата на омраза. Не можеме да бидеме сојузници, а бугарските војници да се нарекуваат фашистички окупатори. Треба да се вратиме на тонот на добрососедството и спроведувањето на Договорот, рече Захариева.

Денес е 13 ноември денот на ослободување на Скопје. Во Скопје во текот на Втората светска војна имало германски и бугарски воени трупи. Во огромен дел биле бугарски. Ако на 13 ноември е ослободено Скопје тогаш како овој дадум да го третираме според Захариева?

Дали е Скопје ослободено или окупирано на 13 ноември?

Ако бугарските војници во Втората светска војна не смееме да ги нарекуваме бугарски фашистички окупатори, според Захариева, тогаш што се бугарските војници? Ослободители?

Ако се Бугарите ослободители тогаш што се македонските партизани? Окупатори бидејќи ги избркале бугарските ослободители од Скопје и од Македонија!?

Гледате во каков апсурд не носат бугарските барања за фризирање на историјата.

Затоа, Потпретседателот на клубот на пратеници на Социјалдемократската партија во хрватското Собрание, Арсен Баук побара Бугарија да престане со понижувачките барања кон Македонија.

Според Баук понижувачки се барањата на дел од бугарската владеачка коалиција Македонија да признае дека имаат заедничка историја. Дека имаат бугарски корени на својот јазик. Од спомен плочите на нашата заедничка антифашистичка борба да се избрише дека тогаш Бугарите биле окупатори и уште дека не биле фашистички окупатори, вели тој.

И сега според Захариева дали треба да се слави 13 ноември? Или тоа ги навредува Бугарите. Или место 13 ноември да го славиме денот кога бугарските ослободители, според бугарската вистина, го ослободиле Скопје 1941 година.

И уште нешто: Бидејќи Германија во Втората светска војна е сојузник на Бугарија, германските нацисти се фашисти и окупатори или ослободители во таа војна? Би било убаво да ја слушнеме Захариева што мисли за германскиот нацизам и Хитлер!?