Можеме да ја одобриме рамката за преговори со Албанија, бидејќи веруваме дека тие ги исполниле повеќето поставени услови. Бугарија, во оваа фаза, не може да ја одобри нацрт-рамката за преговори со Република Македонија. Ова го изјави министерката за надворешни работи Екатерина Захариева во врска со позицијата на Република Бугарија по точката „Проширување“ на денешниот Совет за општи работи.

Според неа, предложената рамка не ги одразува бугарските барања и не може да биде прифатена во сегашната форма.

Таа е позната во јавноста повеќе од една година, како и на нешите колеги во Македонија. Ние инсистиравме на три главни услови – придржување кон јазичната формула од 1999 година, јасна рамка за спроведување на договорот и дека нема да бидат прифатени никакви претензии за македонско малцинство во Бугарија. Овие услови сè уште не се вклучени во нацрт-рамката за преговори, објасни Захариева.