Палењето на бугарското знаме во Македонија е безобразие!Откако сме ги признале како држава, Бугарија многу пати и подавала рака на Македонија во многу тешки моменти.

За жал, видовме дека се неискрени и дека не ни посакуваат добро. Треба да се ослободат од емоциите и да почнат да делуваат со разумот. Ова го изјави вицепремиерот и министер за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева во „Беновска Пита“ на Канал 3.

Таа изјави дека од нивна страна нема омраза и дека однесувањето на луѓето во Скопје кон Бугарија е стмулирано од актуелната власт.

Захариева појасни дека тие се балансирани во односот кон Скопје. -Ние се ракувавме во 2017 година кога се појави новата влада на Зоран Заев. Набргу потоа имаше одложување на Договорот за добрососедство. Не само во историскиот дел, туку и во инфраструктурните проекти, јазикот на омраза и тн.