Заменикoт претседател на историската комисија со Македонија, Наум Кајчев ја објаснува бугарската позиција за работата на заедничката комисија.

Кајчев е со потекло од селото Кономлади во Егејска Македонија. Од 2007 до 2010 е генерален конзул на Бугарија во Битола. Важи за најголемиот бугарски јастреб во заедничката комисија. За време на неговиот конзулски мандат беше ставена на најсилно бугарската политика за издавање пасоши но останаа и многу шпекулации за разни матни активности.

Според него историската комисија лошо работела и тој е еден од главните заговорници за бугарското вето.

Постигнат е одреден напредок во работата на нашата комисија, вели тој, но тоа беше до пролетта и летото во 2019 година. Скоро година и пол немаше напредок, немаше желба од колегите од Република Македонија да направат опипливи чекори напред за да донесат одлуки.

Според него, скоро една година македонските членови престанаа да учествуваат во комисијата.  Ова е дел од неизвршувањето на договорот, за жал има прекршувања и неизвршување на целиот договор.  Како експерт, ја набудувам оваа неусогласеност и затоа е логично дека бугарската влада нема друг избор освен да ја одложи меѓувладината конференција, што е почеток на преговорите за членство, сè додека не се дадат гаранции за спроведување на договорот.

Јас би рекол дека има уназадување од страна на историската комисија, вели тој и додава: до летото 2019 година имавме резултати, а по овој период-не. Дури и донесените одлуки не се ниту објавени ниту спроведени. 

Според Кајчев други области, како што е инфраструктурата, на пример, има мал напредок.  Министерството за надворешни работи спомена дека средствата за Коридорот 8 биле пренасочени и не биле користени.  Истата состојба е и во областа на културата и образованието.  Нема нови бугарски инвестиции во Македонија.  Во медиумите, говорот на омраза против Бугарија не само што не се намали, туку и се зголеми.  Против Бугарија се води кампања не само во медиумите контролирани од опозициската ВМРО ДПМНЕ, туку и во медиумите блиски до власта.

Кајчев промовира крајно тврди ставови: Бугарија треба да ги прифати реалностите во Република Македонија, кои произлегуваат од нејзиниот устав, а од друга страна Скопје да ги прифати нивните бугарски основи и потекло.

Мора да се дадат јасни гаранции, вели Кајчев, дека договорот за добрососедство ќе се спроведе и треба да има договор за бугарското минато на двете земји пред Втората светска војна.