Во Црна Гора се очекуваат бурни избори и турбулентни постизборни случувања. Веќе се создава амбиент дека Мило Ѓукановиќ е новиот Лукашенко.

Како одговор на белоруската шарена револуција која е западно финансирана, проруските сили во Црна Гора ќе се обидат на избори и улица да покажат дека и во една НАТО држава е можна руска верзија на шарена револуција!?

Директорот Управата на полицијата на Црна Гора, Веселин Вељовиќ, тврди дека полицијата располага со оперативни податоци дека поединци и групи планираат да предизвикаат инциденти и немири на денот на парламентарните избори, што ќе се одржат во недела, на 30 август.

Нашите сознанија укажуваат дека овие лица преку социјалните мрежи и другите канали заговараат дека за време на гласањето и по затворањето на избирачките места, граѓаните да излезат на улиците, да предизвикаат немири и да го нарушуваат јавниот ред“, се вели во соопштението на Вељовиќ.

Директорот на црногорската полиција рече дека полицијата во сите градови би постапила одлучно и одговорно, објавија Вијести.

Оние кои се обидуваат да покажат деструктивно и екстремно однесување, да предизвикаат граѓанска нестабилност и да ги прекршат законските прописи, ќе бидат спречени и ќе сносат одговорност“. Ги повикувам сите граѓани заедно да ја споделиме одговорноста и да ги сочуваме граѓанските и цивилизациските вредности на општествената заедница како заедничко добро и интерес на секоја личност и семејство, рече Вељовиќ.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *