Бугарските медиуми вечерва објавија за запаленото бугарско знаме во Вевчани.

Агенцијата Бгнес која е блиска до Каракачанов и до Борисов прва објави за тој настан. Еве што напишаа во својата објава:

За време на годинешниот карневал во Вевчани во РС Македонија, беше запалено бугарското знаме.

Вевчани се наоѓа во југозападниот дел на земјата. Вчера, органите на прогонот се обидоа да спречат карневал поради пандемијата на коронавирусот. Учесниците на карневалот, сепак, поминаа низ централниот дел на селото.

Денес во Вевчани беше релативно мирно. Имаше полиција само во центарот на селото и пред општината, објави локалните медиуми.

Според градоначалникот Сашо Јанкоски, „сите беа виновни за напнатоста, но најмногу од полицијата, која испрати премногу полицајци“.

Оваа година немаше официјална организација на карневалот, пишува Бгнес.

Веднаш по објавата во бугарските медиуми со свој коментар на фејсбук се јави и бугарската министерка за надворешни работи и вицепремиер, Екатерина Захариева:

По повод публикациите во медиумите за запаленото бугарско знаме во селото Вевчани во Република Северна Македонија, му наредив на бугарскиот амбасадор во Скопје Ангел Ангелов да и изрази на владата на РСМ нашата силна огорченост од ваквиот вандалски чин. Амбасадорот Ангелов веќе направи остар вербален демарш во Министерството за надворешни работи на РСМ, напиша таа.