Американскиот државен секретар Мајк Помпео изрази загриженост во разговорот со украинскиот лидер Владимир Зеленски во врска со обидот на Кина да ја купи фабрика за продажба на мотори за авиони Мотор Сич, објави прес-службата на Стејт департментот.

Државниот секретар Мајкл Помпео изрази загриженост поради злонамерните инвестиции на Кина во Украина, вклучително и напорите на Пекинг за купување на Мотор Сич, се вели во соопштението на американскиот Стејт департмент.

Да потсетиме, Обвинителството на Украина ги заплени акциите на Мотор Сич на 7 август, откако објави дека кинеската компанија Skyrizon Aircraft Holdings и групата DCH, на украинскиот бизнисмен Александар Јарославски, поднеле барање до Антимонополскиот Комитет на Украина за купување на акциите на компанијата.

Мотор Сич е една од најголемите фабрики за производство на мотори за авијација. Тие ги извезуваат своите производи во околу 100 држави во светот.


Напишете коментар