Националниот истражувачки центар „Гамалеја“ започна клинички испитувања на руската вакцина против вирусот корона „Спутник V“ врз волонтери од ризични групи, вклучително и постари лица, изјави шефот на рускиот фонд за директни инвестиции, Кирил Дмитријев.

„Треба да ги почекаме резултатите од тие истражувања, но во основа нашата вакцина е помалку ризична, затоа што се базира на хуман аденовирус. Не очекуваме никакви негативни ефекти кај постарите луѓе, вели тој.

„Татко ми и мајка ми, кои имаат по 74 години, исто така беа вакцинирани како волонтери и тие се чувствуваат одлично“, рече Дмитријев.

Да потсетиме, во август Русија ја регистрираше првата вакцина во светот против вирусот корона „Спутник V“, која ја разви центарот „Гамалеја“ заедно со рускиот фонд за директни инвестиции. Во моментов е во тек последната фаза на тестирање на вакцината, во која учествуваат голем број волонтери.