И покрај најавите дека после 15 август ќе продолжи уривањето на бесправно изградените објекти долж охридското езеро од сето тоа сеуште ништо.Градоначалникот Гергиески  истакна дека уривањето на дивоградбите е привремено стопирано, но ќе продолжи со координирани контроли и рушење на  најатрактивните плажи. Од општина Охрид  велат акцијата се одвива согласно веќе утврдената динамика. Што се однесува пак до отстранувањето на бетонската база, активностите ќе продолжеле веднаш штом и последниот силос биде испразнат.

Екологистите бараат веднаш да продолжи акцијата без селекција  за остранување на диво изградените објекти  и да се побара одговорност и од оние кои им дозволиле да градат.

Од локалната најавија дека Охрид сеуште бара помош oд владата за дивоградбите чие уривање како што во повеќе наврати потенцираа  е процес кој ќе трае неколку години.

Инаку отстранувањето на нелегалните градби е една од препораките на Унеско градот да не го изгуби статусот на заштитено подрачје.


Напишете коментар