Спроведувањето на кампањата за вакцинација против коронавирусот во Германија е одложена во неколку градови во Баварија, бидејќи медицинскиот персонал открил потенцијални неправилности во процесот на ладење на вакцината, што ја произвеле компаниите Фајзер и Бионтек.

  • Читајќи ги евиденциите за податоците за температурата, кои се наоѓаат во фрижидерите, постоеја сомнежи во однос на усогласеноста со барањата на системот за ладење – објавено е од регионалната канцеларија на Лифтенфелс од северот на Баварија.

Ова е реално изненадување имајќи во предвид дека станува збор за најголемата, а богами и најдобро организараната држава во Европа. Едно е ако таков потенцијален пропуст би се случил во Грција, а друго е ако до тоа дојдеше во Германија.