Гани Геци тврди дека добил информација од Брисел и од „пријателските земји“ дека неговиот живот е во опасност по сослушувањето на Хашим Тачи во Хаг.

Претседателот на Косово, Хашим Тачи, кого хашките обвинители, заедно со Кадри Весели, го обвинуваат дека убиле повеќе од стотина Срби, Роми и Албанци, е подготвен да ги убие сите сведоци кои го обвинуваат!

Ова го тврди Гани Геци, поранешен член на косовскиот парламент и заштитен сведок на судењето против Тачи. Геци јавно го обвини Тачи дека наредил убиство на Бујар Букоши и Ахмет Красниќи во 1998 година во Тирана. Тој вели дека деновиве добил предупредување дека неговиот живот е загрозен по сослушувањето на Тачи во Хаг!

Поранешниот пратеник во косовскиот Парламент потенцира дека го добил предупредувањето од странство и дека е многу загрижен за неговиот живот.

Животот ми е во опасност по сослушувањето на Хашим Тачи во Хаг. Добив информација од Брисел и од пријателските земји да бидам многу внимателен, рече Геци.

Сослушувањето на Тачи во Хаг траеше четири дена, а Специјалното обвинителство на Судот за воени злосторства на ОВК го предаде нацрт обвинението до Судскиот совет на крајот на јуни, обвинувајќи го поранешниот командант на ОВК Хашим Тачи и неговиот началник на тајната полиција Кадри Весели за убиство најмалку 100 лица. Обвинението се уште чека официјална потврда.

Елспертите не ги отфрлаат стравувањата на Геци. Ако Рамуш Харадинај се бранеше толку успешно, тогаш зошто на истиот начин не би се бранеле Тачи и Весели елиминирајќи ги сведоците!? Според нив, Геци сфатил дека ниту судот ниту меѓународната заедница нема да му обезбедат заштита и тој се фаќа за последната сламка спас а тоа е јавноста.


Напишете коментар