Според информациите од „чизмата“, Наполи ќе го продаде Елмас само ако на негова адреса пристигне понуда од 25 милиони евра. Клубот е во финансиска криза поради пандемијата со коронавирусот, а покрај Елмас, би можеле да си заминат и Кулибали и Руиз.

Елмас беше мета на повеќе клубови, или, пак, се поврзуваше со нив во текот на летото, ама не си замина од Неапол. Сега, како најзагреани за неговите услуги се споменуваат Борусија Дортмунд и Бенфика.

Македонскиот репрезентативец по крајот на сезоната го чека настап на Европското првенство, а со евентуален нов блескав настап за Македонија, може дополнително да си ја крене цената на пазарот.

Ељиф Елмас во Наполи пристигна во 2019 година од редовите на турски Фенербахче.