Борбата за опстанок на артистите очигледно е голема. Тие останаа без нивните пари кој што ги земаа преку настапите . Ситуацијата е таква каде што нема простор да се случат настапи во клубови , но сепак врвни артисти од нашата земја да останат без приходи во ова тешко време е очајно. Ние не сме Србија , Хрватска па да имаме естрада и продуции кој што ќе се грижат за нив .

Драги луѓе, иако бевме спречени заеднички да го прославиме нашето полнолетство, (18 години ДНК) сепак не застанавме и најдовме начин кој можеби не е најидеален, но со оглед на општата ситуација и немавме многу избор Годината сепак ќе ја завршиме со песна, “заеднички” виртуелно, и се надеваме дека ќе си поминеме супер. Ви благодариме што не поддржувате низ сиве овие 18 години, а посебно на овој виртуелен концерт на кој вашата купена “влезница” преку овој линк : https://www.karti.com.mk/prednovogodishen-virtuelen… е вид на донација и поддршка за нашиот бенд. Купи/Донирај, Сподели, поддржи ја Македонската музика и се гледаме во понеделник во 20ч виртуелно на нашата ФБ фан страна. Ваши ДНК ❤️

фото : faceboook- Vladimir Blazev