Мешихатот на Исламската заедница во Србија одлучи да ги затвори сите џамии заради влошување на епидемиолошката состојба и зголемувањето на бројот на заразени со корона вирусот во Србија, особено во областа на Санџак.

Одлуката е донесена со цел да се спречи и шири инфекцијата преку џамијата, се вели во соопштението објавено на веб-страницата на Исламската заедница во Србија, кое го потпиша претседателот на Мешихатот, муфтијата Мевлуд ефенди Дудиќ

Како што е наведено, сè додека не се подобри епидемиолошката состојба, молитвите ќе ги извршуваат само имами и муезини, а се препорачува сите погреби да започнат од семејни куќи и да се одржуваат само во присуство на членовите на најтесните семејства.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *