Затвореник кој ја избегна смртната казна во 2009 година, починал од компликации предизвикани од вирусот корона, објавиле од затворот каде што ја издржал казната.

Тоа е Ромел Брум (64), кој беше осомничен дека страдал од „ковид-19“ и бил на списокот на затворската листа на позитивни лица од ковид, изјави портпаролката Сара Франс, а пренесе „Гардијан“.

Брум беше осуден на смрт за силување и убиство на Траин Мидлтон (14), откако тој ја киднапираше во Кливленд во 1984 година, додека се враќаше дома од спортски настан.

Официјални лица од Охајо рекоа дека се претпоставува дека 124 затвореници во таа држава починале од короната .