Европскиот совет дефинитивно го отфрли барањето за пристап до документот кој се однесува на наводниот нон-пејпер на Словенија за промена на границите на Западен Балкан.

Бараниот документ се занимава со многу чувствителна тема, а неговото објавување ќе има јасно и директно влијание врз односите на ЕУ со соседството, со што ќе се поткопа јавниот интерес во меѓународните односи, се вели во реакцијата на Европскиот совет до на австриската агенција АПА, а пренесува порталот Н1 Словенија.

Поради таа проценка и соодветните законски одредби, нема друг избор освен да се одбие предавањето на документот, без оглед на централната важност на слободата на медиумите, одлучи Европскиот совет.

Во почетокот на јуни, на австриската агенција и беше потврдена дека постои документ поврзан со наводниот словенечки нон пејпер за промена на границите на Западен Балкан, но откако ие ги испитаа прописите, одлучија да не дадат пристап до документот, бидејќи случајот јасно потпаѓа под исклучоците на Директивата. Институциите можат да одбијат пристап до документи чие објавување ќе го „загрози јавниот интерес…особено меѓународните односи“.

Наводниот словенечки „нон пејпер“ крена голема прашина кон средината на април во земјите на Западен Балкан и во Словенија, бидејќи документот предлага промена на границите на регионот или „ставање крај на распадот на Југославија“, што вклучува „идеи за распаѓање на БиХ и обединувањето на Косово и Албанија “.

Според извештаите на медиумите, во подготовките за словенечкото претседателство со Советот на ЕУ, кои започнаа во јули, словенечкиот премиер Јанез Јанша, исто така, помогна во ширењето на нон пејпер документот, што тој го негираше.

Меѓутоа, албанскиот премиер Еди Рама потврди дека видел таков документ и разговарал за тоа со Јанша.

Според извештаите на медиумите во БиХ, се очекува Јанша да му го претстави документот на претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел. Прес службата на Европскиот совет беше одговорено дека не можат да го потврдат приемот на таков документ.