Здравко Чолиќ важи за една од најголемите балкански ѕвезди, но и за пејач по кој ги лудуваа жените ширум светот.

Пејачот е во хармоничен брак 20 години и има две ќерки. Меѓутоа, во 1997 година, Чолиќ ги шокираше сите со тоа што призна дека бил заведен од Фрида Лингштад од групата АББА и во таа прилика ги раскажа сите детали од нивната кратка врска.

Тоа се случи кога Чолиќ ја претставуваше Југославија на Евросонг со песната „Гори ватра“, а Фрида беше истата година придружен вокал на шведскиот претставник, а тогаш се случи споменатата средба, поради што речиси тој за малку ќе закаснеше на настапот.


Се сретнав со Фрида од групата АББА на Евровизија, а каде на друго место. Следеше покана за викенд. Изгледаше ветувачки, но по сите тие три дена идила, се чувствував искористенo како инстант супа. Готвиш за пет минути, јадеш топло и тоа е тоа. А се беше таму и колиба од дрва и каминот, свеќите и цвеќињата, карираните завеси и чаршафите, печената риба во фолија со бадеми и етерични масла, имаше се, вели тој и додава:

Но, вистинската, единствена, луда страст што се случува помеѓу маж и жена, таа беше отсутна. Немаше спонтаност, така што се изгледаше како да закажете тренинг за двајца во салата, рече Чолиќ тогаш.