Здравко Чолиќ (70) прави се што може да остане во добра форма и да изгледа младолико и во осмата деценија од животот. Тоа му проаѓа од рака благодарение на хипербаричната комора, која често знае да ја посети и каде ги освежува гласните жици, а ги чува и заштитува белите дробови за време на пандемијата.

Како што пишуваат белградските медиуми, Здравко Чолиќ од својот доктор добил упат за една државна болница во Белград каде што од време на време оди и вдишува чист кислород. Тој како и секој граѓанин корисник на здраствено осигурување има право на тоа.

Чолиќ е феноменален. Го нема некое време, но, се сеќавам кога пред некој месец дојде за прв пат, сите ние бевме воодушевени. Дојде со упат од својот матичен доктор. Се шегуваше на сопствена сметка а во шала кажуваше како доаѓа да вдишува чист кислород за помлад изглед и да ги одржува гласните жици во нормала. Хипербаричната комора помага на целиот организам да биде витален, а на Здравко тоа му значи многу поради професијата која ја има. Го очекуваме повторно бидејќи е прекрасен и секогаш расположен, човек од народот, вели извор на кој се повикуваат белградските медиуми, а кој инсистираше на своја анонимност.

Инаку во државната болница која ја посетува балканската музичка легенда, освен со упат од доктор кога е бесплатно користењето на хипербаричната комора, секој граѓанин може слободно да дојде и да закаже и искористи еден термин. Како што се наведува, цената на еден термин се движи од 9.000 до 10.000 српски динари.

Експертот за хипербарична комора, Зоран Пејчиќ, објаснува зошто овој вид третман е добар.

Кислородот е живот, универзално гориво и енергија на животот. Третманот со хипербарични комори се изведува во медицински установи. Кислородот е исклучително важен за пејачите поради нивното грло и глас. Ја подобрува општата отпорност на вируси, го ревитализира организмот, го зајакнува имунолошкиот систем и се препорачува за превенција од многу болести, вели тој.