Здравко Чолиќ, како што пишуават српските медиуми, му го подарил станот во кој пораснал, во сараевската населба Грбавица, на својот пријател кој е воен инвалид, пренесува српски „Блиц“.

Здравко Чолиќ живеел во Сараево сè до почетокот на 90-тите години, кога избувнала војната, па со семејството се преселил во Белград. Тој во населбата Грбавица долго живеел. Кога завршила војната, Здравко, како што тврдат Сараевчаните за „Курир.рс“, одлучил својот стан да му го подари на пријател од Високо, кој станал инвалид поради повредите здобиени во борбите и кој останал без својот имот.

Тоа било гест, како што велат, за кој цела чаршија зборувала, а повеќето од нив и денес се сеќаваат на тоа. Освен станот, пејачот во Босна, поседувал и викендица, и нејзе ја подарил на едно семејство од Фоча, кое во војната останало без покрив над глава, пишува „Курир“.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *