Вицепремиерот е лидер на движењето УРА, Дритан Абазовиќ.

Кабинетот на идната црногорска влада, кој треба да се формира по неколкумесечни преговори и речиси триесетгодишното владеење на Мило Џукановиќ, ќе се состои од 12 министерства.

Министер за внатрешни работи – адвокат Сергеј Секуловиќ. Секуловиќ е магистер по човекови права и граѓански активист (ЦЕГАС)

Министер за одбрана – Оливера Ињак

Министер за надворешни работи – Ѓорѓе Радуловиќ

Министер за финансии и социјална заштита – Милојко Спајиќ

Министер за образование, наука, култура и спорт – Весна Братиќ

Министер за здравство – Јелена Боровиниќ Бојовиќ, раководител на Клиниката за пулмологија на Клиничкиот центар на Црна Гора

Министер за економски развој – Јаков Милатовиќ

Министер за капитални инвестиции – Младен Бојаниќ

Министер за јавна администрација, дигитално општество и медиуми – Тамара Срзентиќ

Министер за екологија – Ратко Митровиќ

Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство – Александар Стијовиќ

Министер за правда и малцински права – Владимир Лепосавиќ

Канцеларија за преговори со Европската унија – Кривокапиќ претходно објави дека Канцеларијата за преговори со ЕУ останува во канцеларијата на премиерот во Владата.

Седницата на која пратениците ќе се изјаснат за Владата и нејзината програма е закажана за 2 декември. Оние пратеници кои не можат да присуствуваат поради вирусот корона ќе гласаат електронски.