Германските зелени водат на анкетите се пред конзервативниот блок ЦДУ / ЦСУ на канцеларката Ангела Меркел, покажува новата анкета објавена денес, пренесува ДПА.

Во таканареченото неделното истражување на трендовите спроведено од социолошката агенција Кантар, за таблоидот Билд ам Зонтаг, зелените имаат рејтинг од 28 отсто, шест повеќе од претходното истражување. Блокот на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) и Баварската христијанска социјална унија (ЦСУ) падна за два отсто на 27 проценти. Социјалдемократите исто така загубија два отсто и паднаа на 13 проценти – најлош резултат за нив од август 2019 година.

Екстремно левичарската партија Левица (поранешни комунисти) со седум проценти и крајно десничарската Алтернатива за Германија со десет проценти исто така изгубија еден отсто во споредба со претходната анкета. Либералната слободна демократска партија го задржува резултатот од девет проценти.

Во понеделникот, Зелените ја номинираа својата лидерка, Аналена Бурбок, за кандидат за канцелар на парламентарните избори кон крајот на септември. Претседателот на ЦДУ, Армин Лачет го победи баварскиот премиер Маркус Зудер и стана кандидат на Конзервативната партија. Негов ривал од социјалдемократите е министерот за финансии Олаф Шолц.