Земјотрес со јачина од 3,1 степени според Рихтеровата скала ја стресе областа 17 километри југозападно од Сисак, односно околината на Петриња, објави Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕСМЦ).

Според ЕСМЦ, земјотресот бил на длабочина од пет километри.

Земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала ја погоди Хрватска на 29 декември минатата година, со епицентар во Петриња, а беше почувствуван и во регионот.

Пред и по разорниот земјотрес, областа беше погодена од низа помали земјотреси.