Областа на централна Хрватска се уште се тресе, а утрово е забележан земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала во Загреб.

Сеизмолошката служба на Хрватска објави дека земјотресот, чиј епицентар бил во загрепскиот Ремете, бил регистриран во 9,19 часот и бил почувствуван низ главниот град и околината.