Силен земјотрес, со јачина од 6,2 степени според рихтеровата скала, денес во 12:19 часот го погоди хрватскиот град Петриња. Како последици од земјотресот досега се пронајдени телата на шест лица,
20 лица се повредени, со огромнна материјалната штета во Петриња и околината. Потресот се почувствува низ цела Хрватска, но и во БиХ, Словенија, Србија, па дури и во Италија и Чешка.

Низ историјата, Балканот забележал силни земјотреси кои уништиле цели градови

Дубровник во 1667 година

Низ историјата, Дубровник бил погоден од околу 1.000 земјотреси, а првиот што бил забележан како катастрофален се случил во 1520 година. Најсилниот земјотрес се случи во 1667 година, со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала. Тој беше најразорниот – го уништи градот и однесе во смрт околу 5.000 луѓе – околу 80 проценти од тогашното население во градот.

Република Дубровник, во тоа време многу моќна трговска и политичка сила, никогаш не се опорави по земјотресот. Таа траеше до 1806 година, кога трупите на Наполеон влегоа во градот и ја укинале републиката.

Скопје во 1963 година

Со земјотресот во Скопје во поранешна Југославија започна серија разорни земјотреси, кои ќе завршат со оној на црногорскиот брег во 1979 година. На 26 јули 1963 година, во 5 часот и 17 минути, Скопје го погоди земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала, кој го разруши градот.

Загинаа 1.070 жители на Скопје, најмалку 3.000 беа повредени, а 1.200 лица останаа инвалиди, уништени се 15.800 станови, а оштетени се 28.000.

Околу 200 000 луѓе останаа без покрив над главата. Земјотресот погодил 50.000 квадратни километри.

Земјотресот уништи околу 80 проценти од Скопје – вклучувајќи ги театарот, Официрскиот дом, Народната банка итн. Дел од срушената железничка станица со часовник кој застана во 5 часот и 17 минути остана како спомен на катастрофата и сега е претворена во градски музеј.

Скопје доживеа невидена катастрофа, но ние ќе го обновиме Скопје со помош на целата заедница. Скопје ќе стане гордост и симбол на братството и единството, југословенската и светската солидарност – рече Тито по земјотресот.

Бања Лука во 1969 година

Земјотресот во Бања Лука се одликува со тоа што практично траеше два дена. Земјотресот започна на 26 октомври 1969 година, во 02:55 часот и траеше до 8:53 часот, а главниот земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала се случи на 27 октомври во 16 часот и 35 минути. .

Хипоцентарот беше лоциран веднаш под градот, на длабочина од околу 20 километри. 86 000 станови беа целосно уништени.

Првиот регистриран земјотрес што ја погоди Бања Лука беше оној од 1888 година, а освен овој од 1969 година, земјотресите го погодија овој град во 1935 и 1981 година. Сепак, земјотресот од 1969 година беше најсилниот регистриран.

Црна Гора во 1969 година

Официјално, најсилниот земјотрес во модерната историја на Балканот, со јачина од 7 степени според Рихтеровата скала, ја погоди Црна Гора на 15 април 1979 година, во 6 часот и 19 минути.

Земјотресот, кој траеше само десет секунди, остана во сеќавањето на оние кои го почувствуваа како најлошото нешто што го доживеале некогаш. Во стариот град Будва, само осум згради останаа неоштетени, дел од ѕидовите на Стариот град во Херцег Нови паднаа во морето, најголемиот дел од аквадуктот од римското време во Бар беше уништен, а тврдината Улцињ, вклучително и кулата Балчиќ, беше скоро целосно уништена. 450 села беа срамнети со земја.

На крајот, останаа бројките дека во Црна Гора е регистриран земјотрес кој однесе 101 животи, додека во Албанија загинаа 35 лица, а околу 100.000 луѓе останаа без покрив над главата.

Епицентарот на земјотресот бил во морето помеѓу Бар и Улцињ, на околу 15 километри од крајбрежјето.

Албанија 2019 година

На 26 ноември 2019 година во 3:54 по полноќ , земјотрес со јачина од 6,4 степени ја погоди северозападна Албанија.

Во земјотресот загинаа 51 лице, а. околу 3000 беа повредени. Тоа беше најсилниот земјотрес што ја погодил Албанија, најсмртоносен во последните 99 години. Во земјотресот, некои хотели на крајбрежјето во Драч беа целосно срамнати со земја.