Турција издаде предупредување за цунами откако силен земјотрес го погоди грчкиот остров Крит, објави утринава Дејли експрес и уште неколку агенции.

Најмалку едно лице го загуби животот во силниот земјотрес на Крит, пренесува АФП, повикувајќи се на грчката државна телевизија.

Едно лице го загуби животот во серијата силни земјотреси што утрово го погодија Крит. Еден човек е загинат во црквата во Аркалохорија, кога куполата паднала врз него.

Атинскиот геодинамички институт соопшти дека земјотресот се случил во 9:17 часот по локално време, а епицентарот бил на 246 километри југоисточно од Атина.

Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар и Геолошкиот институт на САД дадоа прелиминарна јачина од 6,0 степени, со епицентар на седум километри северно од селото Трапсано.

Серија земјотреси, од кои најсилниот беше 6 степени според Рихтеровата скала, утрово го погоди грчкиот остров Крит.

Според Ројтерс, епицентарот бил во близина на Хераклион, а хипоцентарот на длабочина од само 2 километри.

Вообичаено е различни сеизмолошки институти да даваат различни јачини на земјотресот во почетните часови и денови по настанот.

Но има се повеќе информации дека земјотресот бил посилен од првичните информации, дека ноговата сила 6,5 степени според Рихтер!?