Земјотресот бил на длабочина од само десет километри.

Земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди југоисточниот дел на Австралија во областа околу Мелбурн, објави Американскиот геолошки институт (USGS), а преку социјалните мрежи се емитуваа сцени од жители на паника кои излегуваат од своите домови.

Земјотресот, кој беше на длабочина од само десет километри, ги потресе зградите во Мелбурн, вториот по големина австралиски град.

Австралискиот премиер Скот Морисон во реакција од Њујорк рече дека нема жртви или поголема штета во земјотресот.

Сепак, премиерот ја посочи „многу вознемирувачката“ страна на земјотресот за населението во зона како Австралија, каде што тие не се навикнати на земјотреси.

Последователен земјотрес со јачина од четири степени по Рихтер се случи по првиот земјотрес.

Поголеми земјотреси се невообичаени во југоисточна Австралија, која е густо населена област.

Седев на мојата работна маса и ми требаше време да сфатам што е тоа, изјави градоначалникот на Менсфилд, Марк Холкомб за телевизијата Еј -Би -Си. Не е пријавена штета.