Од клиниката потврдиле дека Караџовски е хоспитализиран заедно со неговата сопруга, но дека и двајцата се во добра здравствена состојба, без потреба од кислородна поддршка и се лекуваат само со лекови.

Од Министерството за здравство пред шест дена информираа дека Караџовски е позитивен на коронавирусот и дека тој и неговата сопруга се во изолација.