Жеjко и Милица Митровиќ оставија зад себе многу сопственици на други телевизии, продукциски куќи, поп-уметници, актери, инфлуенсери и други членови на шоу-бизнисот на списокот на „Блиц“ за најмоќни во шоу-бизнисот.

Сопственикот и главен уредник на ТВ Пинк Жеjко Митровиќ и неговата сопруга, директор на програмата и главен уредник на забавната програма на ТВ Пинк, Милица Митровиќ го зазедоа 1-то и 13-то место на оваа листа на најбогати луѓе

Според „Блиц“, Жејко Митровиќ продолжува успешно да балансира со забавни програми, домашни и турски серии, но и политички содржини преку новински програми и шоуа, и дека ТВ Пинк со децении е една од најгледаните телевизии во Србија дпдела филмските студија во Шимановци се едно од најголемите во Европа.

Империјата на Жеjко Митровиќ вреди неколку милиони евра и се состои од ТВ Пинк, Пинк М (во Црна Гора), Пинк БХ (во Босна и Херцеговина), пакет од 60 кабелски канали, издавачката куќа „Сити рекордс“, авиокомпанијата „Ер Пинк“ , комплекс на филмски студија „Pink Films International“ (PFI), порталот Pink.rs …

Радио Пинк, основано од медиумскиот експерт Жеjко Митровиќ на 24 декември 1993 година, воедно ова е едно од првите комерцијални радио станици во поранешна Југославија. Пинк разви нов вид популистичка програма која што не беше видена во Југославија.

Телевизискиот канал Пинк започна со работа на 16 септември 1994 година во 20 часот на Канал 57, откако потпиша договор за деловна и техничка соработка со тогашната национална телевизија РТС (сега јавен сервис) благодарение на блиските врски на Жеjко Митровиќ со владејачката елита. Според договорот склучен со каналот Пинк, РТС беше должен да му обезбеди на каналот простории, опрема и услуги, со минимален надомест.