Видеата, снимени на паркинг во Вирџинија, покажуваат жена како удира во неподвижното тело на маж, кого претходно го прегазила со автомобилот.

Една жена од Вирџинија беше уапсена во четвртокот, откако наводно го прегазила својот партнер на паркингот.

Башира Трип (34) беше обвинета за тежок напад, откако сведоците тврдеа дека намерно ја удрила жртвата со својот автомобил.

Шокираните минувачи ги снимале моментите по инцидентот, додека разгневената жена продолжила да вреска кон неподвижното тело.

На видеата се гледа како маж лежи во несвест зад автомобил, додека жената вика: Ова се случува кога ќе ја напуштиш сопругата. Ти дадов 18 години од животот!“.

Во еден момент, таа дури и го земала браникот, којшто отпаднал од автомобилот за време на ударот и со него го удрила неподвижното тело.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *