Жените во Грција развиваат антитела на вирусот корона четири пати побрзо од мажите, покажа неодамнешно истражување предводено од инфектолог Сотирис Циодрас. Истражувањето беше објавено денес во медиумите.

Истражувањето, спроведено во периодот од март до април, се засноваше на резултатите од серолошките тестови во приватните и државните клиники со цел да се утврди на кои територии на Грција има поголем имунитет на ковид.

Во студијата учествувале 6.586 лица, а резултатите покажале дека жените (0,78%) произведувале антитела четири пати побрзо од мажите (0,22%).

Повеќето случаи биле испитувани од областа на Централна Грција, а потоа и од Атика, односно подрачјето на Атина.

Исто така, откриено е дека повеќе мажи (56%) се разболеле од жените (44%) од почетокот на епидемијата во оваа земја.

Истражувањето го водеше тим од 18 научници од 7 универзитетски клиники, предводени од сега познатиот професор. Д-р Сотирис Циодрас, кој раководи со Кризниот штаб во Грција.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *