Жителите на американската држава Мичиген масовно купуваат оружје пред денешните претседателски избори во САД, пишува Скај Њуз.

Тие дури и не знаат како функционира изборниот процес. Тие само сакаат да купат оружје и јас имам околу сто повици на ден за тоа, рече Бил Кјучик, сопственик на продавница за оружје, покажувајќи на празната витрина која, како што вели, содржи околу сто пушки.

Младата мајка на две деца, Лексус Луис, се обидува да купи пушка што едвај ја држи на рамото.

Ќе и треба сериозен тренинг за да може да го користи оружјето, рече Кјучик.

Но, таа, како и многу други кои ја посетиле продавницата, е многу загрижена за безбедноста и заштитата на нејзиното семејство поради „неопределената закана“.

Граѓаните на Мичиген, која е клучна „колеблива“ држава, од т.н. свинг држави за кои не е сигурно познато за кој кандидат ќе гласаат се вооружуваат од страв од граѓански немири во случај на спорен резултат на изборите.

Во последните неколку недели, Мичиген исто така се покажа како жариште на домашната милитантна активност.

Најочигледен пример е откривањето на заговор за киднапирање на демократската гувернерка Гретчен Витмер, поради нејзините карантински мерки во борбата против вирусот корона.

Само пред неколку дена, полицијата и ФБИ на државата Мичиген го уапси самопрогласениот водач на супрематистичката бела група, обвинувајќи го за повеќе злосторства и водење „камп на омраза“ во таа држава.

Експертот за борба против тероризмот Џавед Али смета дека три клучни фактори доведоа до овој очигледен нагорен пораст на домашните терористички закани – влијанието на пандемијата и ограничувањата што произлегоа од тоа, протестите за социјална правда првично поттикнати од атентатот врз Џорџ Флојд и засилената политичка реторика.

Додека американските единици за борба против тероризмот се фокусираа на спречување на заканите од групи како што се Ал Каеда, а потоа и на ИСИС, крајната десница и антивладините анархисти главно напредуваа во сенка, на платформите на социјалните мрежи, добивајќи поддршка таму и честопати охрабрувајќи ја поделбата.