Привремениот бугарски премиер, Стефан Јанев потврди дека имало прислушување на опозициски политичари, објави бугарската национална телевизија БНТ. Во моментов се води истрага за целот случај, рече тој.

Според сите обвинувања и информации што веќе се појавија во медиумите, мојот одговорот е ДА, имало прислушкување на политичари од опозицијата, вели Јанев.

На инсистирањето да ја дообјасни неговата изјава дека дефинитивно располага со факти дека имало прислушување на опозициски политичари, привремениот премиер Стефан Јанев истакна:

Дефинитивните факти може да се потврдат на суд. Јас имам информации и слушам и гледам што се објавува во медиумите.

Според него, проблемот со прислушувањето е многу сериозен.

Тоа е дел од моделот на влевање страв. Контрола на следење. Да погледнеме наоколу и да процениме колку е популарна фразата – не е за по телефон. Секој обичен човек, ако не го крши законот, ако работи во рамките на интегритетот и законитоста, нема потреба од оваа фраза. Категоричните факти може да се потврдат на суд. Имам информации и слушам и гледам што е објавено во медиумите, вели тој и додава:

Но, јас ќе се воздржам од јавно споделување на информациите што ги имам. Кога фактите се неспорни, кога има докази, кога ќе помине судската фаза, тогаш сè може да се коментира, рече привремениот премиер.